Сандра Булок во кралска виолетова на гости кај Џими Кимел

24 ноември 2021

Актерката Сандра Булок беше гостинка во емисијата на Џими Кимел, а за таа пригода се одлучи за една класична, а сепак тренди и впечатлива комбинација.

Нејзиниот избор овој пат беше кадифено одело во кралска виолетова нијанса. Креацијата е на британскиот бренд „Темперлеј Лондон“, а таа го носеше во комбинација со кошула со ленти кои се врзуваат во панделка и во истата боја.

Овој монохроматски изглед е „разбиен“ со златните сандали.

Булок, која годинава го прослави 57 роденден, во оваа комбинација изгледа доминантно и моќно, а како и да не се трудела многу.

 

Објавено:
24 ноември 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
898 пати