Сара Џесика Паркер има 55 години, одлично тело и фантастичен црн костим за капење

23 јуни 2020

Актерката Сара Џесика Паркер викендов беше фотографирана како со својот сопруг Метју Бродерик уживаат на плажа.

Паркер го привлече сето внимание благодарение на својот одличен изглед и фантастичниот црн костим за капење со тенки прерамки, со кој покажа дека класичните парчиња секогаш ќе предизвикуваат внимание.

Посебно кога така добро ви стојат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Quem (@quemacontece) onJun 23, 2020 at 12:25am PDT

На дел од фотографиите се гледа како има бела кошула околу половината, а од модните додатоци има очила за сонце. Без шминка и со косата собрана високо, Паркер покажа дека и во шестата деценија не изгледа ништо помалку добро отколку во помладите денови.

Во едно интервју изјави дека нејзиниот временски максимум за вежбање е 22 минути, бидејќи повеќе од тоа не може да поднесе.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sarah Jessica Parker Daily (@sjp_daily) onJun 22, 2020 at 3:30pm PDT

Исто така, изјави дека пешачењето е нејзината омилена активност. Секој ден се труди да направи 10.000 чекори, што вели дека со активностите околу децата, состаноците и другите обврски и не е така тешко.Таа откри дека живее во куќа во која има многу скали, па и на тој начин има физичка активност.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Daily Mail Australia (@dailymailau) onJun 22, 2020 at 5:56pm PDT

 

Што и да прави, ѝ успева бидејќи има тело на кое може да ѝ позавидат и помлади.

 

Објавено:
23 јуни 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.311 пати