Сара Џесика Паркер покажа дека и плетените фустани можат да изгледаат луксузно

19 октомври 2020

Акерката Сара Џесика Паркер благодарение на серијата „Сексот и градот“ стана синоним за интересни модни комбинации.

Тоа некако го практикува и во приватниот живот, како и јавните појавувања. Неодамна пред својата продавница за обувки, се фотографираше за новата колекција.

Паркер се појави во впечатлив кардиган-фустан во кралско виолетова боја во комбинација со чевли во нијанса на фуксија токму од нејзиниот бренд.

Плетениот фустан на преклоп пак е од (досега) непознат бренд „Ханифа“. Се работи за африкански бренд, чие седиште е во Конго, а цената на ова парче кое Паркер го популаризираше и покажа дека и плетенините можат да изгледаат гламурозно изнесува околу 180 евра и е достапно во повеќе бои.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hanifa (@hanifaofficial) onOct 17, 2020 at 9:28am PDT

 

По реакциите по социјалните мрежи, може да се рече дека кардиган-фустанот дури и малку ги засени чевлите кои требаше да се во фокус на вниманието, но секако оваа фама ќе биде добредојдена за нејзината нова колекција која сака да ја промовира.

Она што секако е факт е дека комбинација е впечатлива и таа во неа изгледа одлично.

 

фото: Instagram.com; 

Објавено:
19 октомври 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.161 пати