Две маркантни жени од генерацијата предводник на тезата: немате стил без став, Шерон Стоун и Мишел Фајфер, деновиве се појавија на различни актуелни настани, подеднакво атрактивни и магнетно привлечни.
И двете во својата седма деценија од животот (64год.) позираа со полна самодоверба на црвениот тепих, оправдувајќи ја погоре споменатата теза: стилот е во ставот.
Шерон Стоун беше присутна на една од гала забавите пред доделувањето на Греми наградите, во авангарден сет во смела розова боја, дизајн на ACT No.1. Неконвенционалниот дизајн кој вклучува дводелен костум декориран со многу слоеви карнери од розов тул, бара лик кој може да ја износи неговата уметничка тежина. Така Шерон Стоун се најде во вистинско време, на вистниско место во вистинскиот аутфит.
Мишел Фајфер пак прикажа една безвременска елеганција, во црна тоалета на Сен Лоран со масивни златни алки како детали кои го прават впечатокот комплетен. Беше вистинска атракција во Лос Анџелес на премиерата на филмот " Ant-Man and the Wasp: Quantumania " во кој ја толкува улогата на Џенет Ван Дајн.
Кога зрелоста и самодовербата ќе настапат на црвениот тепих, тоа никогаш не останува незабележано.