Шерон Стоун сексапилна и на 60 години
•
1 март 2019
Во Беверли Хилс вчеравечер беше одржана Women's Cancer Research Fund гала, а на истата присуствуваше и актерката Шерон Стоун.
Таа се појави во сексапилен стајлинг со кој покажа дека и на прагот на седмата деценија годините ништо не ѝ можат.
Стоун носеше црн комбинезон кој ја следи линијата на нејзиното тело. Истиот е со ролка и отворен грб, а ногавиците се ѕвонести. Рабовите на горниот дел и на долниот дел од ногавиците се украсени со црни мониста што му дава уште повпечатлив изглед и свечена нота.
Црниот комбинезон го искомбинира со капут со животински принт.
Чевлите се црни, а клач чантата со метален сјај!