Шерон Стоун за пример: Вака се носат патики и на црвен килим

13 јуни 2022

После неколкуте спектакуларни појавувања на црвениот килим на годинешниот Кански филмски фестивал, Шерон Стоун повторно позитивно ја изненади модната јавност, овојпат на хуманитарен настан за поддршка на непрофитната организација CORE.

За приликата, Шерон Стоун покажа како и патики може да бидат добар избор за црвен килим, доколку се искомбинирани во соодветен моден контекст.

А познатата актерка го направи вистинскиот спој: бели патики со транспарентни детали, дизајн на Долче и Габана ги комбинираше со сатенско дводелно одело во нежно розова нијанса.

На овој начин, покажа став и во еден потег направи микс од актуелен тренд и изглед соодветен за црвен килим, надвор од шаблонот.

Инаку, актерката е позната по својата хуманитарна работа. На овој настан даде поддршка на непрофитната организација која во 2010 година ја основаше актерот Шон Пен, а која ја помага заедницата погодена од војни и од елементарни непогоди.

Фото: Splash News

Објавено:
13 јуни 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
15.428 пати