Со сето она што досега го има постигнато во модната индустрија, 56 годишната Синди Крафорд е сама за себе бренд.
Екс супермоделот е едно од најпознатите лица во модниот свет, а несомнено и едно од најубавите што некогаш се нашле на насловните страни и под рефлекторите на модната писта.
Крафорд е помеѓу најомилените дами и кај модните дизајнери, за многумина и главна инспирација во креативниот процес.
Синди никогаш не престанува да ги воодушевува своите следбеници и фанови.
Тоа се случи и со нејзината последна објава на Инстаграм каде што позира без грам шминка.
Таа објави серија фотографии под насловот First photo dump of 2023, каде што уште еднаш покажува дека и во шестата декада од животот изгледа како времето да застанало за неа.
Додека позира во огледалото не можат, а да не се забележат нејзините беспрекорно мазни нозе, што долева уште повеќе сексипил на целиот опуштен кадар.
Фото: Instagram