Честопати пишуваме за стилските комбинации на Амал Клуни, но особено последната нè инспирираше да се потсетиме на сите нејзините црно – бели стајлинзи.

Без разлика каде и да се појави, таа секогаш изгледа беспрекорно и со соодветно одбрани парчиња што прилегаат на пригодата и нејзината фигура.

Последно, таа беше фотографирана во Њујорк на пат кон седиштето на Обединетите нации каде говореше во име на жртвите на сексуално насилство.

За пригодата, таа одбра тесен црн фустан до колената со впечатливи копчиња во предниот дел, во комбинација со високи потпетици во боја на кожата и црна кожена чанта. Како и секогаш, акцентот беше ставен на нејзината неверојатна коса која овојпат имаше фантастични бранови.

Нешто подоцна во денот, можевме да ја видиме адвокатката во уште една супер стилска комбинација. Таа се појави во едноставен бел фустан до колена од Зак Позен што дополнително го украси со кусо бело палто со бисерни копчиња. Комбинацијата таа ја истакна со високи потпетици во боја на кожата и чанта во нешто потемна нијанса.

Со овие две комбинации таа докажа дека класичното никогаш не мора да значи и здодевно, туку дека токму тоа е она што понекогаш ни треба.

Без многу накит и модни додатоци, прекрасната 41 – годишна сопруга на Џорџ Клуни блесна во две навидум едноставни, но толку стилски и впечатливи комбинации што може да ги искористите во толку многу пригоди.

Во галеријата погоре, се потсетуваме на некои од нејзините највпечатливи црно – бели комбинации кои знаеме дека ќе ги обожавате и ќе бидат супер инспирација за пригодите што доаѓаат.

Vogue

Објавено:
25 април 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
820 пати