Сите фустани на Шерон Стоун на Канскиот филмски фестивал

20 јули 2021

 

Годинашното издание на Канскиот филмски фестивал заврши. Беше проследено со големо внимание, особено од модните медиуми ширум светот, кои беа жедни за гламур.

За дел од модните појавувања се' уште се зборува, а меѓу нив е секако и Шерон Стоун. Оваа дама каде и да се појави предизвикува внимание - поради својата енергија и се она што таа е. Но, овој пат тоа го надополни со впечатливи модни креации.

Ја видовме во пет различни креации, три од модниот бренд „Долче и Габана“ , една на Алберта Ферети и во една на Тони Вард, во која се појави и како домаќин на амфар галата.

Мораме да признаеме дека од сите најмалку ни се допадна првиот, син волуменозен фустан со цветови со потпис на „Долче и Габана“. Без разлика што Шерон е таква жена што умее се' да износи, нејзиниот сексапил, став и енергија многу повеќе доаѓаат до израз во посведени креации. 

Токму затоа, белата и виолетовата креација од истиот бренд за нас се многу подобар избор.

Алберта Ферети се потпишува под црниот фустан со текстура и сјај кој ја истакна линијата на телото. Модна класика со која ретко можете да згрешите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Тони Вард пак, се потруди да ја направи актерката впечатлива, отстапувајќи ги белата кошула со волуменозни ракави и здолниште од транспарентна тантела во морски нијанси.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TONY WARD (@tonywardcouture)

 

Погледнете ги сите:

#1 Долче и Габана

 

#2 Долче и Габана

 

#3 Долче и Габана

 

#4 Алберта Ферети

 

#5 Тони Вард

Кој изглед на Шерон вам ви се допадна најмногу?

Објавено:
20 јули 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
696 пати