Без разлика дали ја сакате музиката која ја пее и создава или не, гледано од моден аспект, Северина многу често е совршено стилизирана.
Исклучок не беше ни хуманитарниот концерт одржан пред два дена во Загреб. Таа и Петар Грашо пееја на традиционалниот божиќен музички настан во организација на здружението „Ана Рукавина - здружение основано после смртта на новинарката Ана Рукавина, која поради недостаток на донори на коскена срж, умира прерано од леукемија. И токму за надминување на тој проблем се залага и здружението кое го носи нејзиното име.
Оваа година, Северина и Петар Грашо имаа за цел да придонесат за донирање на што поголем број средства.
Во текот на повеќечасовниот музички настан, пејачката се појави во пет различни модни изданија, носејќи парчиња од хрватски дизајнери.
View this post on Instagram
Иако во прв момент помисливме дека црниот фустан со бел цвет е со потпис на „Шанел“, бидејќи не е изненадувачки Северина да се види во комбинација од светска модна куќа, сепак се работи за слична верзија од брендот „ЛеиЛоу“ на Александра Дојчиновиќ.
Светкави панталони и фантастично бело палто, чиј дезен ќе ве асоцира на акварел техника, потоа елегантно црно одело, како и металик плисиран фустан - сигурен избор за празнична сезона.
View this post on Instagram
Можеби најмногу внимание привлече во интензивно виолетовиот светкав фустан со реси, кој е елегантен, но и мошне сценски.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Која комбинација најмногу ви се допаѓа?