Светот е нивна модна писта: Маж и жена на 65+ се вистински модни икони

27 јануари 2021

Каде и да се појават тие, местото се претвора во модно шоу во живо. Додека големиот дел од луѓето ја асоцираат модата со младоста, Гунтер Крабенхофт и Брит Кања го докажуваат спротивното. На 75 години, за овој стилски пар, светот е модна писта.

Заедно се од 70-те години на минатиот век, а се препознатливи по улиците на Берлин по својот неверојатен стил. Парот е активен и на Инстаграм па така Гунтер често објавува фотографии во триделни костуми со неверојатни шапки и модни додатоци, додека Брит е дива самата по себе – елегантна, препознатлива, неверојатно стилски дотерана.

Крабенхоф е познат по својата книга „Едноставно бидете свои – Никогаш не сте доволно стари за да бидете млади“.

Објавено:
27 јануари 2021
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
5.135 пати