Таа стана икона на уличната мода во својата шеста деценија

13 август 2018

Благодарение на експанзијата на социјалните мрежи, нејзиниот уникатен имиџ го доби зслуженото внимание. Канаѓанката Грејси Ганем (53) во шестата деценија од својот живот ја ужива популарноста на икона во уличната мода.

Иако никогаш директно ни била поврзана со модниот свет, нејзината естетска перцеција е на ниво на најпоуларните модни инсајдери, што може да се заклучи по нејзиниот исклучително индивидуален имиџ.
Нејзиниот профил на Инстаграм секојдневно добива завидна бројка на нови следбеници.

Грејси ја користи можноста на оваа попуарна платформа, како опција за сопствен стилски дневник. Тука таа секојдневно ги објавува своите уникатни комбинации што глобално ги инспирираат не само жените од нејзината генерација, туку и помладите следбенички, затоа што таа умее да направи храбри комбинации што вклучуваат модерни парчиња споени со автентини детали или необични дезени и бои, карактеристични за нејзиниот стил.

Во нејзиниот стил ќе го препознаете бунтовниот дух што секогаш претендира излез од „зоната на комфорот", дефиниран токму преку неконвенционалниот имиџ што го практикува.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
13 август 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.666 пати