Тина Тарнер полни 81 година – жена со големо Ж!

26 ноември 2020

Ѕверка и жив оган на сцена, икона на стилот, борец, музичка легенда и жена со големо Ж кон која животот не секогаш бил нежен.

Тина Тарнер денеска полни 81 година и во деветата деценија од животот останува рок-дива во која многумина го пронашле својот идол, затоа што e Simply The Best.

На скалилото во кариерата го достигна и остана на врвот, во приватниот живот лавовски се соочи со многу премрежја, последните две децении надмина сериозни здравствени проблеми и ете ја денеска, со полна 81-година таа е огледало на жена која преживеала и насилство и длабоки искушенија, а притоа никогаш не се откажала и ги остварила своите соништа.

Како црномуреста-жена артист која ја градеше својата кариера во време на стереотипи, таа ги помести границите и со тоа си обезбеди место меѓу легендите и не само на сцената. Му даде повод на светот да ѝ се воодушевува!

Во 2009 го одржа последниот концерт и се повлече од јавниот живот, но нејзиното културолошко влијание останува основна лекција за сите кои планираат да градат кариера во шоу бизнисот. Со години наназад живее во Швајцарија.

Ретроспектива со дел од нејзините легендарни јавни појавувања, следува во продолжение.

 

Објавено:
26 ноември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
7.105 пати