Том Џонс: Живот исполнет со милиони, многу жени и една вистинска љубов

6 јуни 2020

Животната приказна на Том Џонс е навистина посебна и сигурни сме дека еден ден некој ќе сака и да ја екранизира.

Популарниот пејач е во деветтата деценија од животот, но енергијата и љубовта кон музиката го подмладуваат и тој сè уште е музички активен.

Том Џонс може да се пофали дека е од оние на кои жените им паѓале „под нозе“. Човекот кој сакал да се запознае со Елвис Присли, но всушност, Кралот на рокот побарал да го запознае него. Имал стотици жени, ќе каже, но сакал само една и тоа речиси шест децении - Линда. Нејзиното заминување во 2016 година ќе го доживее мошне тешко, но музиката ќе биде таа што ќе го спаси.

Во продолжение прочитајте ја животната приказна на „Тигарот од Велс“ како што го нарекуваа во најголемата популарност, нема да ви биде здодевно, тоа е сигурно:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by bonnticket.de (@bonnticket) onJun 6, 2020 at 3:00am PDT

 

Том Џонс е роден во 1940 година во Јужен Велс како Томас Џон Вудворд. Татко му Џон бил рудар, а мајката Фреда домаќинка.

Бил болежливо дете, а и дислексичен. Пореметувањето во способноста за читање и пишување, која денеска рутински се корегира, тогаш значело дека детето ќе мора да се сврти кон физички работи. Во едно интервју ќе каже дека долго време имал проблем дури и кога треба да се потпише.

Својата најголема љубов, сопругата Линда ја запознавл уште кога се деца. Во автобиографијата „Over the top and back", открива дека во својата жена се вљубил кога имале 12 години.

„Никогаш не сум чувствувал такво нешто за никој друг. Мислам дека не можете да сакате повеќе од еднаш".

Истата година, се разболел од туберкулоза и која ќе го врзе две години во кревет, додека сосема не ја победи. Како 15-годишно момче, бил среќен кога Линда ќе се согласи да отиде на состанок со него.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onFeb 24, 2020 at 8:11am PST

„Станав маж многу бргу. На 16 години. А мојата 15-годишна девојка Мелинда остана бремена. Сите мои тетки и вујковци дојдоа кај мене дома и имаа голема дискусија за тоа што да се прави понатаму, додека Линда и јас седевме во еден ќош гушнати. Мајка ми нè забележа и рече: „Ние им ги планираме животите, а очигледно е дека тие се несвесни за тоа што се зборува овде. Гледате дека овие две деца се вљубени и секако ќе се земат кога ќе бидат доволно возрасни. Која е поентата да им застанеме на патот?". Кога Линда наполни 16 години, се земавме. Се преселивме во задната соба на мајка ѝ, а сите ни помогнаа. Се вработив, така што всушност и не ни требаше ништо. Беше тоа среќно време, немаше ништо негативно".

Но, неговиот музички талент бил мошне воочлив. Пеел на локални собирања, венчавки и во локалниот хор, а меѓу сограѓаните важел и за шоумен. Во една пригода, ќе прашаат еден негов роднина, по што се разликувал Том од останатите свои врсници, на што ќе одговори дека во Јужен Велс сите деца пеат, но специфичноста на Том била во тоа што, за разлика од другите деца кои биле срамежливи, тој пеел скокајќи по столчиња и маси.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onMar 21, 2020 at 9:51am PDT

„Работев во фабрики, градежни работи, но тоа не го сакав. Секогаш зборував дека никогаш не би се жалел доколку бидам само пејач и се фокусирам на својата музика“, ќе открие пејачот децении подоцна.

Во раните дваесети години, формирал бенд „Том Скот и Сенатори“ - Скот му било „уметничкото“ презиме, кое подоцна ќе го смени во Џонс - моминското презиме на мајка му, бидејќи во тоа време веќе постоел пејач Том Скот.

Клучен момент за пресврт во неговиот живот и остварување на сонот да стане познат пејач, се случил сосема случајно. Во клубот во кој свиреле „Сенатори“, една вечер дошол познатиот лондонски менаџер Гордон Милс, кој веднаш го препознал потенцијалот во гласот на Џонс, неговата енергија и начин на интерпретација. На таа средба следат заминувањето во Лондон и промената на презимето и секако - првиот хит.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onMar 18, 2020 at 5:47am PDT

„ It is Not Unusulal“ е снимен 1965 година и продаден во речиси три милиони примероци, што ќе ги доведе до првото место на британската и меѓу првите десет на американската топ листа. Таков успех ќе му отвори многу врати. Истата година ќе ја објави и песната „Thunderball“, насловната нумера од истоимениот филм за Џејмс Бонд, а следната 1966 година дефинитивно ќе влезе во историјата, со преработката на песната "Green, green grass of home“. Оваа песна во неговиот роден град ќе стане неофицијална национална химна. Кон крајот на 60 и почетокот на 70-тите, тој ќе биде неверојатна ѕвезда, која ќе има и свое тв-шоу, има армија обожаватели и хит до хит...

Кон средината на 70-тите години, неговата кариера доживува стагнација. Но, тој ќе успее да покаже моќ на трансформација и тоа што умее да се снајде во секој жанр, многу ќе му помогне. Ќе почне да соработува со млади музичари и текстописци, не грижејќи се многу за видот на музиката која ја изведуваат. Обработката на хитот на Принц „Kiss“ во 1988 година ќе го врати на сцената, за втората популарност да ја доживее веќе следната година со мегахитот „Sex bomb и албумот “Reload“. После тоа ќе соработува со сите што значат нешто на светската музичка сцена

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onFeb 10, 2020 at 8:10am PST

Во 2006 година, е одликуван како витез од кралицата Елизабета, за неговите музички достигнувања, додека во родниот Велс е национален херој.

На прашањето, што е тајната на неговиот успех, ќе каже дека многу слушал радио, ги следел трендовите, но пред сè, многу го сакал тоа што го работел: „Страста кон музиката сè уште не ме напуштила и тоа е она што ме одржува во живот. Фала му на Бога, мојот глас и денес е силен, посилен од кога и да е. Но, желбата да излезам на сцена и да снимам нови песни ме поттикнува да учам и понатаму, така што не останав заробен во 60-тите. Некои луѓе велат дека денес не е исто како што беше порано. Не, не е, но затоа морате да продолжите со истата страст која јас, фала му на Бога, ја имам сè уште“, изјави во едно интервју.

Интерсна е и приказната за неговото пријателство со Елвис Прислли и Френк Синатра.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Priscilla Presley (@priscilla_ann_presley) onJun 3, 2020 at 9:27pm PDT

Како тинејџер, Том на своите пријатели, во неговиот дом, ќе им каже: „Еден ден, ќе го запознам Елвис". И секако, никој не му поверувал. Но, во 1965 година, всушност Елвис ќе биде тој што ќе сака да се запознае со младиот Велшанец.

Синглот на Џонс „With These Hands" ќе привлече голем број обожаватели во САД, а меѓу нив и Елвис. Во студиото на „Парамаунт" во Холивуд ќе се случи и нивната прва средба.

„Ми кажа: „Како по ѓаволите пееш така", а јас му одговорив: „Слушајќи те тебе", но и Џери Ли Луис и Чак Бери и други кои влијаеја врз мојот музички вкус. Евлис ми рече: „Да, но јас бев донесен тука. Одев во госпел цркви, слушајќи ги хоровите. Има ли нешто такво во Велс?", „Не", му одговорив, „Јас сето тоа го слушав на радио. Како и повеќето од нас во Британија".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SHELVIS (@shelvis1975) onJun 3, 2020 at 2:36am PDT

Џонс и Присли ќе станат добри пријатели:

„Елвис не се дружеше со другите колеги многу, но постоеше еден уметник кој Еливс искрено го нарекуваше пријател и со кој најмногу се дружеше. Тоа беше сер Том Џонс. Сите ние заедно ќе седевме во куќата на еден пријател и секогаш вечерта се завршуваше така што тие пееја песни. Том многу сакаше да ја пее песната на Елвис „One night with you". Одеа дури и на одмор на Хаваите заедно, а минуваа доста време заедно и во Лас Вегас. Елвис беше секогаш внимателен околу тоа кои луѓе ги пушта во животот и какви се нивните намери. Но, од Том беше инспириран и станаа многу добри пријатели, изјави долгогодишниот менаџер на Присли, Џери Шилинг во 2019 година за „Би-би-си".

Том Џонс, вели дека во својата кариера се водел по сопствените инстинкти и совети речиси никогаш не слушал, а доказ за тоа е и случката со Елвис и Синатра.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onJan 8, 2020 at 12:50pm PST

„Се сеќавам дека еднаш снимив албум со обработки на класични песни. Елвис рече: „Не би требало тоа да го правиш. Ние не го правиме тоа, му го препуштаме на Френк Синатра“. Реков, ок. Бидејќи Елвис рече „ние“, мислев дека сум прифатен во сјајното друштво. Тогаш го запознав Френк Синатра. Тој ми рече дека треба повеќе да пеам познати свинг песни и повеќе класици, додека Елвис ми советуваше да пеам повеќе рокенрол песни. И така две музички величини ми даваа совети за кариерата, што за мене беше огромна чест и работа“.

Нешто слично се случило и кога Синатра сакал да му помогне да го подобри својот пеачки стик. Џонс му објаснил дека многу му се допаѓа како пее Синатра, но дека тоа не е и негов стил.

Во интервју со Лари Кинг во 2003 година, Џонс ќе открие една ситуација од својот живот оод 70-тите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onJan 5, 2020 at 9:14pm PST

„Ноќ пред еден тв-настап, пиев и дремев на задното седиште на својот ролс-ројс. Кога требаше да излезам од автомобилот, си помислив: „О боже, сега морам да настапам. Морам да се нашминкам, да пеам! О, боже!“. Покрај тв-студиото имаше уште една зграда која се реновираше, па во моментот се најде едно младо момче кое носеше цигли. Кога излегов од автомобилот, тој знаејќи дека некогаш и јас го работев истото, ми викна: „Том, ќе сакаш ли да ми помогнеш со ова?“. Си помислив, јас кукам поради настапот и шминката, тој човек носи цигли цел ден. После тоа, среќен седнав пред девојката што шминкаше. Таа забележа дека сум исклучително среќен, а јас ѝ објаснив дека сретнав човек кој го работи она што некогаш морав и јас“.

За разлика од мнозинството свои колеги кои поради алкохолот, дрогата, бурниот живот, завршија трагично, Том Џонс секогаш важел за човек кој им одолева на пороците. Но, тоа не значи дека не ја платил цената на славата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onJan 5, 2020 at 9:39pm PST

Дрогата никогаш не бил негов избор. „Кога видов мои колеги како се дрогираат, помислив како тоа на моето семејство во Велс никако не би му се допаднало. Алкохол пие во разумни количества, но неговиот порок биле жените.

Тој е еден од оние ѕвезди кој на секој настап добивал градници, гаќички, клучеви од хотелски соби. Бидејќи не можел да им одолее на таквите предизвици, во јавноста ќе остане запаметена аферата со Мери Вилсон, пејачката на групата „Супримс“, како и тужбата за татковско која против неа ја поднесе една манекенка.

Својата „човечка“ страна ја покажуваше низ годините и кога е изгледот во прашање. Суетен, како што и му е својствено на човекот, тој со години ја фарбаше косата во црно, а кога конечно се појави со седи влакна, тоа предизвика бура во таблоидите, но не и пад на популарноста кај жените. Интересен е и фактот што влакната на градите, кои освен колковите, се сметале за негов главен мачо адут, ги осигура на 4,6 милиони евра.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by hymns and arias(@hymns.and.arias) onJun 5, 2020 at 10:50am PDT

Тој секогаш знаел да се прилагоди на трендовите во шоу-бизнисот и барањата на публиката, притоа не губејќи ги старите обожаватели. Том е еден од ретките што признава дека изгледот му е важен, а и важен е за работата, па неколку пати се подвргнал на естетски операции - Корекција на носот, намалување на подочниците и отстранување на подбрадокот. Освен тоа, до неодамна, секое утре вежбал, а пред настапите правел по 20 скеклови.

На обожавателките секогаш им кажувал дека е во брак и дека не помислува да ја остави жена си, но девојките и понатаму доаѓале да ја поминат ноќта со него.

Ваквите каприци сепак не го вбројуваат во „лигави“ ѕвезди. Напротив. Тоа што никогаш не глумел безгрешност и беспрекорност, го приближило до милиони луѓе.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sir Tom Jones (@realsirtomjones) onMar 14, 2020 at 1:22pm PDT

„Луѓето ми кажуваат дека ме сакаат затоа што не се обидувам да бидам некој што не сум. Те сакаме затоа што си реален, ми велат. Мислам дека во тоа е работата. Ако човек има сексапил, ако на луѓето им е привлечен, тоа не се губи преку ноќ или затоа што старееме. Секако, сè додека умеете тоа добро да го носите“, објасни во една пригода.

„Ќе одморам кога ќе умрам. Морам да пеам, инаку сум несреќен", изјави пејачот пред три години, кога беше на турнеја. Во текот на кариерата продал повеќе од 100 милиони албуми, и заработел повеќе од 180 милиони фунти, но не планира да се пензионира.

Прват за тоа помислил по смртта на сопругата, во април 2016 година.

-Се случи многу бргу. Имаше рак и ми се јави да ми каже дека има уште недела дена живот. Срцето ми застана. Веднаш за прекинав турнејата и се вратив дома".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sir Tom Jones (@realsirtomjones) onJan 5, 2020 at 3:15am PST

До неа бил до последниот ден. Болката го сркшила и после нејзината смрт изгубил волја за живот.

„Имаше денови кога не можев од кревет да станам. Не сакав повеќе да живеам. Но, тогаш нашиот син Марк ме наговори да побарам помош на психотерапевт и најдов во мене сила. Сфатив дека и Линда би сакала да продолжам да пеам. Таа беше силна жена и сигурни не би сакала да ме гледа како се давам во самосожалување. А и сакам да пеам. Наутро кога ќе станам, секогаш пеам. Не можам да си помогнам, музиката е мојот живот", вели Џонс.

Низ тие речиси 60 години брак, во една прилика ќе рече дека спиел со 250 жени (годишно, во врвот на популарноста), но и покрај тоа останале заедно. Во автобиографијата ќе објасни дека во доцните 60-ти години, имале договор со Линда, така што таа престанала да го придружува на турнеи. „Таа едноставно, веќе не прашуваше“. Сепак, во едно од ретките појавувања таа ќе каже дека го сака како и првиот ден и дека знае дека и тој ги има истите чувства. Така што и покрај неверствата, ниту еден од нив не посакал да го напушти другиот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Antonio Carlin Lynch (@antoniocarlinlynch) onMay 22, 2020 at 12:25pm PDT

„Не жалам за ништо. Сè на сè, без разлика што се случувало, мојот брак е сè уште солиден, а син ми сè уште ме сака. Не направив ништо лошо во животот“, ќе изјави во една прилика.

Иако ќе наполни 80 години, вели сепак го прилекуваат жени кои се дупло помлади од него. На прашањето дали преферира 30-годишни жени, пејачот ќе каже: „Да,! Не можете да се видите себеси кога гледате некој друг. Но, сега многу повозрасни жени ме гледаат мене како привлечен. Најчсто бабите ги привлекувам. Некои од нив го имаат и моето име преку градите“, се пошегува пејачот за магазинот „Сандеј Пипл“.

На крајот вели дека не му се верува колку годни има.

„Не ми е верно кога ќе ми кажат дека имам 80 години, бидејќи кога си млад, мислиш дека 80 звучи многу старо. Знаете, кога би можел да бирам исполнување на една желба, тоа би била бесмртноста. Господ ми даде прекрасен живот, и единствената работа која ја мразам кај стареењето е што еден ден нема да можам да го живеам повеќе. Хенк Вилијамс еднаш во една песна пееше: „Никогаш нема да излезам од овој свет жив“. Никогаш не размислував за тоа на тој начин, но знаете што? Во право е, никој од нас нема.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onMay 16, 2020 at 11:00am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Madonna... With (@madonna_with) onApr 29, 2020 at 9:37pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by jimbojumboviny (@jimbojumbovinyl) onJun 5, 2020 at 7:29pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@ozzy_and_his_smiling_knees) onJun 5, 2020 at 6:53pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@ozzy_and_his_smiling_knees) onJun 5, 2020 at 6:53pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@ozzy_and_his_smiling_knees) onJun 5, 2020 at 6:54pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jez Thursfield (@jezza1969) onJun 4, 2020 at 2:34pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Classic Tv (@_classictv) onJun 3, 2020 at 3:42pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onMay 30, 2020 at 7:33am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BBC Cymru Wales (@bbccymruwales) onMay 30, 2020 at 8:03am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by takethatarmy (@takethatarmy) onMay 25, 2020 at 3:44am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sergio Ranieri (@sergio.ranieri) onMay 23, 2020 at 9:01am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sir Tom Jones (@realsirtomjones) onMay 1, 2020 at 8:39am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sir Tom Jones (@realsirtomjones) onApr 8, 2020 at 7:55am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sir Tom Jones (@realsirtomjones) onFeb 22, 2020 at 12:18pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onMay 28, 2020 at 7:25am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onMay 15, 2020 at 8:01am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onMar 15, 2020 at 12:50pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onMar 7, 2020 at 10:04am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onJan 19, 2020 at 5:26am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onJan 12, 2020 at 6:11pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Tom Jones Zone (@tomjonesdaily) onJan 3, 2020 at 7:15pm PST

 

 

 

 

Објавено:
6 јуни 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
5.582 пати
Тагови: 
Том Џонс