Трудничкиот стил на Ева Лонгорија е синоним за удобност

11 април 2018

Познатата актерка Ева Лонгорија е во последните месеци од бременоста. Четириесетитригодишната ѕвезда го очекува своето прво дете со сопругот Хосе Бастон.

За нејзината бременост почна да се шпекулира кон почетокот на годинава, а за кратко време по тоа дојде и официјалната потврда.

Изминативе месеци не се појавуваше премногу често во медиумите и на јавните збиднувања, но за разлика од Криси Тиген или Миранда Кер, кои секогаш беа дотерани и не го напуштија трендовскиот изглед, Ева Лонгорија не се лишеше од удобноста.

Всушност, во нејзиниот изглед ќе се пронајдат голем број трудници.

„Не знам ништо за светот на мајките и покрај тоа што имам многу внуци и пријателки со деца. Но, читав, собирав информации и знаење.  Долго време одбивав да купувам трудничка облека, сметајќи дека нема да ми е потребна, и дека можам да го искористам тоа што го имам. Сепак, дојдов до момент кога сфатив дека ми е неудобно. Затоа, купив некои труднички панталони и хеланки, бидејќи стомакот ми е огромен, и нема шанси да ме собере во старата облека. Но, признавам дека од четвртиот месец па до крајот на бременоста не се откажувам од хеланките и фустаните. И уште нешто признавам - единствената работа што едвај чекам да ја носам по раѓањето на син ми се фармерките“, вели актерката за магазинот „Пипл“.

Таа смета дека многу идни мајки ќе се препознаат во овој момент.

„Сметам дека сите ќе се радуваат на моментот кога ќе го пробаат џинсот и ќе речат: „Точни ми се! Среќна сум што поголемиот дел од бременоста ми помина во зимските денови, бидејќи ми беше полесно да го сокријам стомакот со јакни и капути. Како доаѓаат пролетните месеци и крајот на бременоста, сè сум поголема и ќе морам да имам нов пристап“, смета Лонгорија.

Инаку, таа за време на бременоста учествуваше во создавањето на нејзина колекција облека. 

„Отсекогаш сакав да шијам и бев опседната со конструкцијата на облеката. Секогаш набљудував како се создаваат и внимавав на квалитетот. Затоа сакав да направам своја линија, бидејќи интересот во креирањето одамна е присутен“, вели Ева.

А во продолжение погледнете дел од нејзините изданија за време на бременоста:

Објавено:
11 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.790 пати