Ви се допаѓа ли трансформацијата на имиџот на Моника Белучи?

24 септември 2019

Повеќе од три децении, колку што е присутна во светот на шоу бизнисот, славната италијанска актерка Моника Белучи е препознатлива по фасцинантната природна убавина. Меѓу другите нејзини атрибути, секогаш била и нејзината долга, густа, темна коса.

Но, на неодамна одржаната ревија на Долче и Габана на Модната недела во Милано, Моника се појави меѓу гостите во првиот ред и ги изненади сите со новиот имиџ.

Имено таа се одлучи на драстична трансформација на фризурата, па сега нејзината коса е кратка со должина до под ушите, промена што многумна ја поздравија и прокоментираа дека актерката изгледа одлично и со таков имиџ.

На ревијата на нејзините пријатели, Доменико и Стефано, таа се појави во елегантна црно-бело комбинација, што секогаш и во секоја пригода е естетски функционална.

Објавено:
24 септември 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.438 пати
Тагови: 
Моника Белучи 40+