Во Венеција до седми септември ќе се одржува 76. издание на фестивалот. Досега пристигнаа голем број познати ѕвезди, а меѓу нив од денеска е и Моника Белучи.
@monicabellucciofficiel
Италијанската актерка денеска ги поздрави медиумите и присутните, а се појави во црн лежерен фустан. Креацијата е со потпис на „Диор“. Здолништето е широко, во горниот дел има длабоко V-деколте, а струкот е истакнат со ремен со почетните букви на брендот.
@hollywoodreporternews
Белучи го искомбинира со црни сандали на висока потпетица и платформа од Лубутан, кои и инаку ги преферира најчесто.
Со златниот прстен и црните очила за сонце е заокружен стајлингот.
@hollywoodreporternews
@hollywoodreporternews
Како и многупати до сега, Моника се појави со природен изглед, без претерана шминка, покажувајќи ги брчките и природната убавина со гордост и навистина изгледа прекрасно!