Возраста не е ограничување ако добро ви прилегаат – одлични примери како жените 50+ носат џинс

28 септември 2020

Ако нешто добро и соодветно ви прилега, возраста не е ограничувачки фактор.

Доколку имате став и линија одредено модно парче добро да го износите, тогаш селекцијата од типот: жените по одредена возраст не смеат... не важат!

Битно е да бидете реални кон себе и објективно да се погледнете во огледало, ако сте задоволни како ви стои одредено парче џинс, тогаш облечете го и покажете како вие и само вие знаете да го носите (се разбира освен што добро ќе ви прилега, треба да биде соодветно и на приликата).

Како охрабрувачки примери, ако воопшто тоа е потребно, ќе посочиме неколку модно освестени дами 50+ кои често знаат во својот стил да вметнат добар пар џинс. И тоа одлично го прават!

 

Ќе се сложите?

Фото: Инстаграм

 

Објавено:
28 септември 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.244 пати
Тагови: 
џинс 50+