Сандра Булок периодов го промовира новиот филм „The Lost City“. Неодамна се случи британската премиера на остварувањето, а на свечената патека се појави во впечатлива модна комбинација.
Се работи за црн класичен костум во комбинација со моден додаток во интензивни розови и виолетови нијанси, со што изгледа како врз блејзерот да носи корсет кој од страните е со долги ленти.
Креацијата е со потпис на модната куќа „Каролина Ерера“, надополнета со виткана коса која изгледа природно и дискретна шминка.
Интересно е што комбинацијата на бои е мошне слична на онаа што ја носеше на американската премиера на филмот, кога се појави во омбре фустан на Ели Сааб и црни чизми.
За сега не е познато дали има некаква поврзаност со филмот, или пак само сака тематски да ги обедини нејзините модни комбинации на премиерите.
Која и да е причината, 57-годишната актерка успева да привлече внимание.