Селин Дион последниве неколку години помина низ експлозивна трансформација на стилот, што ѝ донесе висока репутација меѓу познавачите на модата и статус покрај најинспиративните модни ликови.
Благодарение на соработката со стилистот Ло Роах, имаме прилика да ја запознаеме нејзината најдобра верзија од визуелен аспект.
Неслучајно неколку години по ред етаблирани модни магазини ја прогласуваат за насјтилска личност, а непретенциозно на своето име ја „навлече" престижната титула модна икона.
Затоа Селион Дион сè почесто се спомнува во контекст кога треба да се посочи на пример за добро облечена дама.
Периодов се актуелни претпразничните забави, а Селин Дион во Њујорк се појави на неколку такви, во интересни изданија што изострено естетско око нема да ги промаши и ќе ви ги посочи како одличен избор.
Издвоивме три варијанти што вклучуваат панталони, но во сосема различни стилски целини за кој еден заеднички критериум е: ШИК!