Забавна летна мода на Инстаграм профилот на +50 шпанската блогерка Пилар де Арсе

5 јули 2022

Грациозна, а истовремено забавна и со смел пристап кон модата.

„Age plus" шпанската блогерка Пилар де Арсе навистина знае како да го истакне најдоброто од себе, а притоа да се забавува со сите можности што ги нудат модните тенденции и да ги приспособи на својот стил.

Оваа дама во шестата деценија од животот стана популарна на социјалните мрежи како „age plus" блогерка во која жени од различни возрасти наоѓаат модна инспирација и мотив храбро да им пристапуваат на боите, принтовите и сите слоевити димензии на модниот свет.

Ако воопшто постојат било какви стилски бариери во однос на ДА или НЕ на одредена возраст, Пилар де Арсе самоуверено ги руши.

Нејзе подеднакво добро ѝ прилегаат или едноставно знае како да ги носи и смирените, земјени тонови и еклектичните миксови со принтови и многу боја, подеднакво е атрактивна и во припени кроеви и во опуштени и лелеави фустани. Нејзината појава е пример како најзначајниот сегмент од имиџот е да имате став.

Ова лето на нејзиниот Инстаграм профил е ултра забавно, колоритно, а женствено. Ќе наидете на комбинации во кои се спојуваат боите од залезот на сонцето со романтични и дамски фустани, елегантни бели одела со по некој детаљ што ќе ви го одземе вниманието и многу верзии на ретро принтовите имплементирани во комбинации со дводелни сетови, комбинезони или миди фустани.

Ако сакате да внесете малку забава во вашиот летен плакар, позајмете од колорот на Пилар де Арсе.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pilar De Arce (@pilardearce)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pilar De Arce (@pilardearce)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pilar De Arce (@pilardearce)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pilar De Arce (@pilardearce)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pilar De Arce (@pilardearce)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pilar De Arce (@pilardearce)

Објавено:
5 јули 2022
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
1.445 пати