Женствена силуета +еспадрили = летната модна формула на кралицата Летиција

24 јуни 2020

Кралицата на Шпанија, Летиција, е една од најбеспрекорно дотераните жени во светот. Може да ви биде инспирација за разни пригоди.

Фустаните и здолништата се нејзини омилени парчиња, а токму таков беше и нејзиниот избор во последните појавувања.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spanish Royal Family (@spanish.royals) onJun 19, 2020 at 12:18pm PDT

Плисирано сатенско здолниште во беж нијанса во комбинација со обична црна маица е навидум едноставна, но мошне впечатлива комбинација. Со изборот на здолништето, кралицата ја нагласи женственоста, а со маицата направи иако сатенско да може да го комбинира во секојдневието.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spanish Royal Family (@spanish.royals) onJun 19, 2020 at 3:03pm PDT

 Вчера пак се појави во широк фустан во трендовска минт боја, во V-израз и без ракави. Здолништето има копчиња и мал шлиц, додека пак на половината има ластик со кој е нагласена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Reina Letizia, España (@letiziareinaes) onJun 23, 2020 at 5:43am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by European Royals Families (@europeroyals.daily) onJun 23, 2020 at 9:04am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by HELLO! US (@hellomagus) onJun 23, 2020 at 2:29pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared bySpanish Royal Family (@spanish.royals) onJun 23, 2020 at 10:46am PDT

Пред неколку дена, иако ретко, сепак кралицата се појави во панталони кои ги комбинираше со блузичка со принт, која исто така во делот на половината беше нагласена со набори со ластик. Ракавите пак се широки и спуштени.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Spanish Royal Family(@spanish.royals) onJun 19, 2020 at 9:33am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Eugenia Garavani (@eugeniagaravani) onJun 19, 2020 at 7:50pm PDT

Интересно е што сите три стајлинга кралицата ги има заокружено со епсадрили. Во беж и црна боја, со висока потпетица и ремче кое се врзува во панделка, тие се совршен избор за лето. Еспадрилите се вистински хит летово, а ова е доказ дека можат да бидат одличен моден додаток во различни комбинации.

Објавено:
24 јуни 2020
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
3.148 пати
Тагови: 
Летиција