Тоа што е светски тренд во урбаната улична мода, го имаме и кај нас благодарение на етаблираниот моден бренд Елена Лука.
Ова сезона врвен хит на глобалната модна сцена се монтките, а во Елена Лука изборот е фантастичен и никого не остава рамнодушен, токму поради уникатниот и беспрекорен дизајн.
Нашата поп-рок дива Дани на себе го носи еден од најпопуларните модели, во окер варијанта и удобен крој, што одлично прилега на нејзиниот карактерен и урбан имиџ.
„Пред зграда, на бетон... имам една таква песна од пред 10 години. Нема врска постов со песната, има врска со монткава што во тмурни денови е сончева прегратка", напиша Дани под фотографијата што ја објави на својот Инстаграм профил, на која позира во атрактивниот модел на Елена Лука монтка комбинирана во урбана зимска комбинација.
Дани и Елена Лука долги години негуваат успешна, заедничка соработка. Нашата позната уметница во многу наврати досега, во видео записи, на промоции и јавни настапи носела авангардни креации на Елена Лука, а овој пат имаме прилика да ја видиме и во урбано, лежерно издание.
Фантастичен избор на најпопуларното зимско парче, во богат избор на модели и бои, ве очекуваат на онлајн продавницата на Елена Лука, како и во новоотворениот showroom во населбата Аеродром.
Уживајте во празничната магија!
View this post on Instagram