10 есенски парчиња и додатоци за покрупни жени

8 октомври 2013

8776_big

Кога се во прашање пронаоѓањето на омилените модни парчиња и модни додатоци за покрупните девојки и жени оваа есен, следењето на генералните трендови е добар патоказ. Тоа што имате неколку килограми повеќе не значи дека морате да носите „бапска“ облека, која не стои добро никому.

Вистинскиот трик е во пронаоѓањето на добро кроена облека, што понекогаш знае да биде навистина тешко. Овој пат презентираме класични модни парчиња кои би требало да се најдат во вашиот плакар оваа есен. Ако ги немате, а имате можност да си ги дозволите, не пропуштајте ги, затоа што се одлични за комбинација. Доколку веќе ги имате, подгответе ги и бидете модерни.

1.Пенкало здолниште

Некои дами со вишок облини мислат дека најдобро е да се сокријат под широките маици и здолништа без форма. А тоа дефинитивно не е добар избор. Тесното здолниште до или преку колена е моден класик кој треба да има свое место во плакарот на секоја жена. Ова здолниште добро им стои на сите и може да се комбинира со разни маици, кошули, блузи. Добар избор е таа во класичната црна боја, но и сите други бои се добродојдени.

moda punije 2013 jesen01

moda punije 2013 jesen02

2.Кожена јакна

Уште ако е добро кроена, односно малку струкирана ова е одлична јакна за есенските денови кога зимата се уште не настапила. Кожената јакна можете да ја носите во многу комбинации - и на панталони, здолништа и на фустани. Комбинирани со женствени кошули или блузи се интересен контраст помеѓу романтичниот и мото стил.

moda punije 2013 jesen03

moda punije 2013 jesen04

3. Женствени блузи

Оваа есен разбудете ја и истакнете својата женственост, а најдобар начин да го направите тоа е со помош на елегантните и секси кошули или блузи од лелеави материјали. Некои покрупни жени не сакаат да привлекуваат внимание на својата облека, особено не со женствените додатоци (украси, набори и сл)... но ако се сместени на вистинско место, овие додатоци и тек како можат да го привлечат вниманието на место кое е добро да се истакне, односно да го одвлече вниманието од местата кои сакате да се сокријат.

moda punije 2013 jesen05

moda punije 2013 jesen06

moda punije 2013 jesen22

moda punije 2013 jesen21

4. Темни панталони или фармерки

Без оглед на тоа каков крој ви стои најдобро - со рамни ногавици, цевка (да и покрупните девојки можат да носат такви фармерки) или со широки ногавици - на секоја жена и се потребни квалитетни и добро кроени темни фармерки односно панталони. Тие се совршени за секојдневните комбинации, но и оние вечерните, со соодветни модни додатоци и комбинација.

moda punije 2013 jesen07

5. Чизмички со полна пета

Ако барате секси, а сепак удобни и стабилни чизмички за есен, одберете ги оние со полна пета. Во нив ќе се движите и чувствувате удобно.

moda punije 2013 jesen08

6. Цветен фустан

Цветен дезен за есен - зошто да не! Спека, тие се разликуваат од пролетните и летните. Замислете темна основа со богати есенски бои за совршен цветен фустан за оваа сезона. Комбинирајте ја со дебели темни хулахопки, кардиган во боја или класична црна или пак со еднобојни шалови или марами.

moda punije 2013 jesen09

moda punije 2013 jesen10

7.Мал црн фустан

Малиот цен фустан е совршен за секоја сезона и секоја пригода, па така и за оваа есен. Малиот црн фустан можете да го облечете за секојдневни или деловни пригоди (искомбинирано со темни хулахопки и куса јакна или палто)  или пак за свечености, освежени со накит, чевли или чизми со високи потпетици.

moda punije 2013 jesen11

moda punije 2013 jesen12

moda punije 2013 jesen24

moda punije 2013 jesen23

8. Тантела

Тантелата е вечна, а после големата популарност изминатава пролет, таа ќе се носи и оваа есен, па и оваа сезона ќе ја донесе романтиката и елегантноста. Постојат многу опции кога се работи за комбинирањето на комбинациите.  Тоа може да биде и детал на маица или фустан или пак комплетно модно парче.

moda punije 2013 jesen13

moda punije 2013 jesen14

moda punije 2013 jesen15

moda punije 2013 jesen25

9. Долг тенок ѓердан

Избегнувајте ги дебелите и покуси ѓердани, па попрво изберете ги долгите и тенки, бидејќи ќе ве издолжат и визуелно ќе ве направат повитки.

moda punije 2013 jesen16

moda punije 2013 jesen17

10. Не се плашете од бои

Иако сте покрупни, немојте постојано да носите црни, темносини или темнокафени бои. Научете да се сакате себе си и прославете го тоа со цел спектар бои.

moda punije 2013 jesen18

moda punije 2013 jesen19

moda punije 2013 jesen20

moda punije 2013 jesen26

Објавено:
8 октомври 2013
Категорија: 
Тренд