10-ка за десет топли туники
•
24 ноември 2014
Идеалната зима - замислете ја во топли и удобни туники. Во пастелни бои, во риги, со апликации или принтови, предимензионирани со висока јака или такви кои припиено ја следат линијата на силуетата, изборот е богат.
Соодветни се за различни прилики кога температурите ќе паднат под нулата. Истовремено може да ги комбинирате и во вашите деловни стајлинзи со класични панталони или пак во спортска варијанта со хеланки или кожени панталони.
За полежерен изглед, туниката може да се комплетира со пенкало здолниште и дебел ремен околу струкот, а доколку сте фан на слоевитото облекување, облечете кошула, туника и фармерки.
Во продолжение ви предлагаме десет модели на туники од Зара.