10 комбинации со панталони со висок струк

5 април 2016

Она во што дефинитивно мора да инвестирате оваа сезона се панталоните со висок струк за кој ви гарантираме дека ќе ги сместите во секоја комбинација.

Покрај тоа што ќе бидат вашиот совршен партнер во секојдневните комбинации за на работа, истите ќе бидат шик парче во сите останати.

Панталоните со висок струк се must have парче за сезонава, бидејќи покрај тоа што се ултра модерни и посакувани, тие и ќе ви ја издолжат ногата на неверојатен начин.

Ваквите панталони се омилени и многу често можеме да ги видиме и во комбинациите на street style ѕвездите кои сѐ повеќе ги комбинираат со лежерна кошулка и шик бомбер јакна.

Кројот на истите ви овозможува да си играте и со различни стилови, модни додатоци, чевли и слично, па така не двоумете се да облечете куса маичка во топлите денови, елегантна кошула и потпетици за на работа и бохо блузичка и шик сандали за на фестивал.

Без разлика дали ќе одберете тесни фармерки со висок струк, целосно широки, ѕвон или пак едноставни и класични панталони, дефинитивно нема да погрешите со оваа инвестиција.

Комбинациите на овие прекрасни и стилски девојки ќе ви овозможат мала инспирација за вашиот априлски шопинг.

Објавено:
5 април 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.588 пати