10 Корисни идеи како да ги искомбинирате популарните широки панталони во деловен изглед

23 август 2022

Панталоните во широк крој, со висок струк, се тенденција која останува присутна и во есенската сезона.

Нивната универзална естетика дозволува флексибилност да се комбинираат во различни стилски изданија, вклучувајќи свечени, деловни или секојдневни, а голема е веројатноста дека токму поради таа нивна мултифункционалност, лесно си го најдоа патот до сечиј плакар оваа сезона.

Летово видовме бројни модни примери како овие панталони изгледаат складно со елек без ракави, со обична маичка или пак со светкав топ.

А веќе за претстојната сезона размислуваме како ќе ги спариме со омилениот блејзер, јакна, мантил, ролка или романтична кошула.

И сите овие идеи одлично би се вклопиле во нашиот есенски деловен изглед. Се разбира, мора да внимаваме кројот да не биде премногу широк, за да не ни ја попречува функционалноста. Од друга страна пак, елегантната А линија, овозможува дополнителна удобност, што е добредојдена во деловниот изглед, особено ако тоа изгледа шик, а нетенденциозно.

10 идеи за вашите есенски деловни комбинации со широки панталони, во продолжение.

Фото: Пинтерест, Инстаграм

 

Објавено:
23 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.846 пати