Без оглед дали се работи за класичен модел, бохо или пак некој асиметричен фустан и оваа сезона ваквите парчиња дефинитивно ќе бидат најпосакувани.
Иако многумина цветниот принт веќе го сметаат за здодевен, малиот цветен фустан е нешто што секогаш мора да го имате во вашиот плакар, пишува journal.hr.
Веќе знаете дека добриот црн фустан секогаш е must have, а оваа пролет подеднакво посакуван и стилски е и фустанот од превртена кожа со едноставен и прав крој.
Кога сме кај must have парчињата, моделот на бохо фустанче е нешто што е задолжително оваа сезона, без разлика дали ќе го носите во секојдневните прилики или пак на долгите прошетки на плажа.
Она со што можете да експериментирате оваа сезона е класичните фустани со прав крој во свежи бои, а секако и пругите се подеднакво посакувани.
Доколку сакате да смените нешто во вашиот стил, фустаните со карнери во бела и светло сина боја се вистинско освежување што на сите ни е потребно!
-Бохо фустан
-Мал црн фустан
-Цветен фустан
-Фустан со голи рамена
-Едноставен, бел фустан
-Лежерен и долг фустан
-Фустан со металик сјај
-Фустан од превртена кожа
-Фустан од тантела
-Тексас фустан