И покрај тоа што имаат стилисти или се активни во модната и шоу-биз индустрија, ѕвездите понекогаш знаат да направат модни промашувања. Ни ги одбравме 10-те највпечатливи за овој месец, иако секако имаше повеќе.

Џенифер Лопез

Иако многумина ѝ завидуваат на изгледот, особено после роденденскиот фустан, сепак Џеј Ло се најде на критика кај стилистите. Иако никој не оспорува дека е во одлична форма и може да си дозволи таков провокативен фустан, сепак многумина сметаат дека е и премногу провокативен. Џенифер важи за една од најсексапилните жени на светот и без толку многу откривање на телото.

Крис Џенер

Крис Џенер како да е под влијание на Канје Вест. Оваа маскирна униформа со потпис на Валентино не изгледаат најдобро на неа. Можеби и ќе беше во ред да не беа и чевлите и марамата со ист принт. Лошо издание на Џенер, особено ако се има предвид дека таа се појави вака за време на модната недела во Париз месецов.

Иди Кемпбел

Иако моделката има интересен и специфичен стил што честопати е пример за она што е добро, овој пат е на негативната листа. Кусото здолниште, транспарентната блуза со набори и „пуфкастите“ сандали не се добар спој. Кембел овде изгледа „смкнато“ и несредено, како да го облекла она што прво ѝ дошло под рака.

Ники Минаж

Раперката и не може да се пофали со некој посебен вкус за облекување, но овој трансапрентен комбинезон со карнерчиња, дефинитивно не е добар избор за појавување во емисија каква што е Goodmorning America.

Алиша Диксон

Талентираната Диксон овој пат малку се занела во комбинацијата. Црното кожено здолниште и транспарентниот топ на риги се доволно лоши за да дојдат и розовите чизми во комбинација.

Останатите погледнете ги во галеријата.

Објавено:
30 јули 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.058 пати