10 работи што никогаш не треба да ги носите на работа

27 февруари 2019

Стајлинзите што ќе ги видите во продолжение, веруваме ќе ви се допаднат. Но, ако ги следиме советите на стручњаците, не се соодветни за работното место, освен ако не се занимавате со креативна работа или воопшто немате пропишан дрес код.

Но, тие велат дека дури и во најслободните работни средини, би било добро да се повнимава на следите 10 работи:

Платнени чанти

Тренди се, практични, но не за работното место. Носете ги во прошетка, на средба со пријателите, но не пред луѓе со кои работите или уште полошо, треба да соработувате, ќе оддадете впечаток дека сте премногу лежерни.

 

Искинати фармерки

Искинатиот џинс и оваа година ќе биде тренд. Модните блогерки не го менуваат ова парче облека, но сепак, модните инсајдери велат дека не е соодветно за работното место. ЏИнсот секогаш менувајте го со соодветен модел панталони, а ако мора или може да биде џинс, тогаш држете се до едноставноста и класичните модели.

 

Ултра мини здолништа

Без разлика колку ви е слободна работната средина, кога е облекувањето во прашање, сепак ултра мини здолништата оставете ги дома, односно за вечерни излегувања. Не се практични, а ќе оддадете и погрешен впечаток.

 

Хеланки

Хеланките се облека за во сала за вежбање. Точка.

 

Апостолки/влечки

Ваков тип на обувки е чест избор во летниот период, но не треба да биде и на работното место. Мислите дека е забавно да му „шлапкате“ на некого додека се движите низ канцеларија или на средба со деловни соработници? Воопшто.

Премногу парфем

Секој сака да почувствува убав парфем, но и тоа треба да е со мерка. Не ставајте премногу, вие можеби нема да го почувствувате тоа, но тие околу вас секако да. Не дозволувајте да се „удават“ во парфемот, кој колку и да е пријатен, после некое време ќе стане неподнослив за нив.

 

Откриени раменици

Откриените раменици се уште еден од летните трендови. Но, моделите со вакво израз можат да изгледаат мошне елегантно. Сепак, не и во работните простории. Голотијата оставете ја за друго место.

 

Гол стомак

Истото важи и за голиот стомак. Колку и да е должината на здолништето во ред за работно место, сепак голиот стомак не е опција.

 

Кожени панталони

Кожените панталони се сметаат исто така за несоодветни за работното место. Ова парче облека оставете го за забави, рок концерти или улична мода.

 

Истиот атуфит од претходниот ден

За ова не ни треба да објаснуваме. Хигиената и чистотата пред се!

Објавено:
27 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
7.318 пати
Тагови: 
стил тренд работа