10 трендови од Лондонската модна недела за мажи

19 јуни 2013

Иако општиот впечаток е дека модната недела за мажи во Лондон беше повеќе во знакот на женственоста благодарение на феминизираните креации, сепак во продолжение прочитајте ги следните предвидувања за наредната сезона пролет-лето 2014.

Бубалица или „the new nerd“ трендот се состои од очила, кошули, кратки џемпери, големи џебови на сакоата и фризура со расчешлан патец на страна со цел личноста да изгледа буквално интелектуално или како што би кажале повеќето – бубалица.

Еспадрилите се омилени додатоци за мажите во текот на пролетно- летната сезона. Овој пат Кристијан Лубутан се погрижи да направи тотален мејковер, во кој пред се ќе преовладуваат цветните дезени.

Техно стилот се превидува како камбек на трендот кој преовладуваше во деведесетите години односно избор на аутфит за одење на забави. Стилот се состои од разновидови принтови  и мешавина од бои.

Јакните кои ќе преовладуваат наредната сезона се предвидува да бидат со ластик околу половината и зглобовите на рацете, најчесто еднобојни и со спортски предзнак.

Туниките се дел од модните парчиња кои го форсираа феминистичкиот акцент во фокусот на модната недела во Лондон токму поради тоа што се дел од женската гардероба. Можеби е чудно, но сепак туниките се еден од десетте трендови кои ќе преовладуваат наредната сезона и кај машката популација.

Омбрето е одличен избор за промена на фризурата, но сепак кај мажите омбрето преовладува токму во колоритот односно прелевањето на боите во облеката.

Капите се задолжителен аксесоар во текот на летниот период. Овој тренд можеби не е некоја новина за Лондон токму поради променливата клима, но сепак моделот е малку поинаков од стандардниот, со поиздолжен средишен дел во вид на печурка.

Сафари трендот е тотален хит насекаде во светот и е одличен избор за сите оние кои имаат авантуристички дух.

Принтовите како тренд се секогаш хит, а цветниот е секогаш присутен во пролетно летните колекции. Па така и овој пат, цветниот принт ќе преовладува, но не само кај жените, туку и кај машките аутфити, со таа разлика што големината на цветните дезени е во различна големина, од најмало до најголемо.

Убавината и мистериозноста на Истокот секогаш била инспирација и предизвик за дизајнерите. Овој пат тие имаат малку футуристички предзнак со доза мистичност и асиметричен крој.

 

Објавено:
19 јуни 2013
Категорија: 
Тренд