Голем дел од нашата инспирација дефинитивно се раѓа од трендовите што постојано ги промовираат светските ѕвезди во однос на шминката и фризурата.
Благодарение на нивните смели и храбри стајлинзи, многу често, сѐ повеќе девојки се одлучуваат да експериментираат со одредени работи на кои многу често сами и не би се сетиле.
Но, постојат и такви трендови на кои, иако сме воодушевени, дефинитивно треба да заборавиме откако ќе помине одреден период.
Во продолжение, погледнете неколку фотографии од трендови за кои ве советуваме да ги заборавите ова лето, но и такви на кои треба да им посакате огромно добредојде.
Ова лето заборавете на омбре косата...
Наместо тоа, направете си светли прамени.
Заборавете на ноктите со типсови...
Наместо тоа, ставете си африкански принт.
Никако не ставајте панделка во косата...
Луксузното венче во свежи бои е се што ви е потребно!
Заборавете го карминот за усни во бебешко розова боја...
Купете си интензивен, темно розов!
Не правете повеќе тетоважи од внатрешната страна на рацете...
Сега, бидете похрабри и направете си една на надворешната.
Заборавете на високите пунџи...
Носете турбани и марами!
Откажете се од ноктите со остри шпицови...
Ова лето, пробајте посмирени варијанти!
Заборавете на индиските модни додатоци...
Наместо нив, набавете си една целосна обетка со интересен дизајн!
Не претерувајте со темната пудра...
Ова лето, природниот изглед е најпосакуваното нешто
Откажете се од правата, строго пеглана коса...
Уживајте во несредените и прекршени бранови.