13 модели кожени јакни што ќе ги обожаваме оваа есен

19 август 2015

Во пресрет на есента, на полиците во нашите омилени продавници веќе можеме да најдеме безброј примероци од нови модели кожени јакни што ќе ги обожаваме есенва.

Оваа есен ние дефинитивно сакаме да ја поминеме во фармерки со висок струк, бели маички и задолжителна кожена јакна!

Ако на оваа комбинација ѝ додадете супер кожени чизми или некои ултра секси потпетици, тогаш вие дефинитивно ќе бидете девојката која ќе владее оваа есен.

Како што сите големи дизајнери ќе кажат дека „помалку е повеќе“, доколку досега не сте набавиле кожена јакна, тогаш оваа сезона е вистинскиот момент за тоа.

Со неа ќе правите безброј комбинации со помош на само уште неколку лучни парчиња во кои ќе уживате. Светските трендсетерки како омилена за претстојната сезона ја одбраа кожената јакна на Хеди Слимајн, а онаа на Сен Лоран ја носат буквално сите.

Но, и понудата на high street брендовите за сезонава е одлична, па така, сега е вистинското време да си го набавите вашиот примерок по супер цена!

Објавено:
19 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.707 пати