15 фустани од тантела што можете да ги носите за празниците

25 декември 2018

Иако фустаните со тантела беа вистински хит пред неколку години, празниците се вистинско време повторно да се вљубиме во нив.

Трендот со тантелни фустани продолжува оваа сезона, а дел од познатите дизајнери и high street брендови веќе сместија такви парчиња во нивните колекции.

Нивната популарност повторно расте, па истите ќе бидат хит и во годината што надоаѓа, односно и во летните месеци.

Ваквите тантелни фустани со впечатливи везови се совршен избор за сите празнични забави што се пред нас, па ако имате некој сличен во вашиот плакар, сега е вистинско време повторно да го популаризирате.

Во нив секоја дама ќе се чувствува прекрасно и впечатливо, а единствено што треба да направите е да го одберете вистинскиот модел што ќе ви одговара беспрекорно на вашата градба на тело.

Едни од омилените тантелни фустани на девојките ширум светот се оние на брендот Needle&Thread кои за кратко време станаа ултра популарни.

Во галеријата погоре погледнете дел од нивната понуда, но и други парчиња од познати брендови во кои знаеме дека ќе се вљубите од прва.

Инфо и фото: Fashion.hr

Објавено:
25 декември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
626 пати