Стилските маички се неизоставен дел од летната гардероба на секоја девојка, бидејќи тие се можеби најлесното парче за комбинирање.

Без разлика како сте расположени изутрина и колку време имате, ќе бидете супер тренди само доколку облечете маичка со фармерки или пак ја комбинирате со некое едноставно здолниште.

За ова лето, еден од најпопуларните high street брендови H & M подготви супер модели на маички, а предност им даде на омилените, бохо парчиња.

Како и во речиси секоја друга колекција, тука се и маичките со откриени рамена, оние со карнери, како и тантелните во кои сѐ уште сме вљубени.

Ваквите маички се идеален начин суптилно да покажете малку кожа, но притоа да внимавате со што ги комбинирате за да не добиете спротивен ефект.

Доколку излегувате на прошетка со пријателките, можете да ги комбинирате и со тренди куси шорцеви, додека во некои поелегантни прилики, носете ги со панталони со висок струк или пак впечатливи здолништа.

Токму овие блузички се вовед во нивната летна колекција во која ќе бидат сместени мноштво интересни парчиња за сите љубителки на трендовите и модата.

Во галеријата погоре, погледнете ги најубавите маички што брендот ги нуди овој месец.

Објавено:
8 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.276 пати