Познатиот high street бренд Манго од каде постојано нѝ доаѓаат нови трендови, за пролетната сезона ги нуди најубавите модели на здолништа што ќе ја разубават секоја ваша комбинација.

Речиси сите модели што ги предлага брендот се класични, односно тесни и претежно во А – крој, а дефинитивно најпосакувани се плисираните здолништа, особено кожените.

Во понудата на брендот можете да најдете бројни модели во различни бои, а со оглед на претстојната сезона, обидете се секогаш да одберете посветли бои, но и еден модел во класична црна.

Како и во секоја друга колекција сезонава, стилот што преовладува во нивната понуда е ретро, но има и елегантни модели што можете да ги комбинирате во секојдневните стајлинзи.

Бидејќи истите се сами по себе доволни, комбинирајте ги со едноставна кошулка и впечатлива јакничка, и секако рамни чевли или чевли на потпетица, зависно од пригодата.

Погледнете ја нивната понуда во галеријата и одберете си едно за вас.

Објавено:
27 февруари 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
11.257 пати