20 комбинации меѓу урбан и елегантен стил од норвешката блогерка Тина Андреа

20 декември 2021

Норвежанката Тина Андреа е модна блогерка и стилистка која создава стилски раскош од минимализам.

Скандинавките се препознатливи по својот едноставен, ама сепак впечатлив пристап кон модата, па затоа многу често се инспирација за нашите содржини.

Овојпат се фокусиравме на актуелните зимски комбинации кај оваа блогерка која секогаш нуди интересен приказ на едноставноста.

Во нејзиниот моден речник, едноставно нема никаква допирна точка со монотоно.

Напротив, нејзиниот талент е токму од едноставни парчиња облека да создаде софистициран изглед кој би го посакале за себе.

Прави фантастични комбинации со обична бела кошула со волуменозни ракави, блејзерите во нејзиниот стил имаат друга димензија, а целосно црни или бели комбинации се нејзиниот стилски фаворит без утка.

Одбравме 20 одлични идеи ако сакате да додадете доза впечатливост на стилската едноставност.

 

Објавено:
20 декември 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.762 пати