Кусите тексас панталони се едни од најпосакуваните парчиња и ова лето, со оглед на тоа што се најлесни за комбинирање и се супер стилски.

Бидејќи трендовите се менуваат од сезона во сезона, популарните куси тексас панталони ова лето доаѓаат во многу нови варијанти.

Дизајнерите како Стела Мекартни и оние од модната куќа Валентино, кусите панталони ги украсуваат со различни везови и апликации, Соња Рикел им додава фантастични камења, додека Сен Лоран познатите ѕвезди по површината.

High street брендовите нудат навистина голема понуда од овие модели во разни форми, нијанси, со апликации или пак едноставни и стилски.

Она што е супер кај овие парчиња е тоа што можете да ги комбинирате со едноставна бела маичка, но и со некоја шик блузичка за малку посвечена пригода.

Без разлика каков модел и да одберете, ова лето кусите тексас панталони се must have за секоја девојка.

Секако, не заборавајте го моментот дека истите не се за секоја пригода и треба да внимавате многу по тоа прашање.

 

Објавено:
27 јуни 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.986 пати