20 модели на фустани што ги обединува црната боја – идеални за есенски комбинации

18 септември 2020

Монохроматски, стилски различни, а обединети со една заедничка карактеристика – безвременската црна боја.

Овој тип на фустани никогаш не губат од својата атрактивност затоа што, независно каков е моделот, важат за класика.

Дополнителна предност е што лесно може да се комбинираат со други парчиња облека и модни додатоци, а со тоа и да се вклопуваат во брзи, стилски трансформации.

Моделите со нагласени, масивни ракави, карнери, како и оние на преклоп, се истакнуваат како водечки оваа есен, а може да ги планирате и за посвечен изглед за некоја посебна пригода.

Одбравме 20 модели црни фустани, што совршено прилегаат на есенската модна слика оваа сезона.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
18 септември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.449 пати