20 пролетни фустани добри и за во канцеларија

16 април 2016

Веројатно на повеќето жени им е досадно постојано да се во костум, панталони, кошули... Повеќето со нетрпение го очекуваат сончевото и топло време за да ја отворат сезоната на здолништа и фустани.

Покрај тоа што е женствено парче облека, жените ги сакаат фустаните бидејќи се практични. Го облекувате, додавате по некој моден додаток и подготвени сте да излезете од дома. Не мора да размислувате што со што да искомбинирате, не мора да пеглате со часови.

Доколку работното место ви дозволува да облечете фустан, воопшто не двоумете се. Одберете некој со прикладна должина и боја и направете си го работното секојдневие поубаво.

Во галеријата има 20 предлози што можеби ќе ве инспирираат со какво парче да се подновите оваа пролет, доколку не сте, или пак ќе ве потсетат на некој фустан што одамна не сте го облекле.

Како и да е, нема причина да се затскривате зад панталоните и сакоата кога пролетта ви нуди шарени и тренди решенија.

Објавено:
16 април 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.645 пати