20 шик комбинации за да го дочекате најубавото зајдисонце на плажа

30 јули 2020

Иако ова лето не е вообичаено и ни донесе многу предизвици, сепак магичната убавина на зајдисонцето на плажа ништо не може да ја засени.

Овој дел од денот, кога го испраќаме сонцето зад хоризонтот, има некој посебен шарм и е неповторливо доживување, а е и идеален амбиент за добра фотографија.

На таквата атмосфера секогаш се надоврзува стајлинг што спојува романтичен и лежерен изглед, а кој всушност е надополнување на дневниот аутфит во кој костимот за капење е клучен.

Лесните и транспарентни кошули, лелеавите миди и макси фустани, дезенираните кафтани се вообичаено базичните парчиња што ќе придонесат за шик стајлинг на плажа, што може да ги искористите и во вашиот изглед за вечерните излегувања.

Како супер стилски идеи, издвоивме 20 летни комбинации идеални за фотографија со најубавото зајдисонце.

Објавено:
30 јули 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.029 пати