2021: Топли слоевити аутфити за секој ден од јануари

29 декември 2020

Ставаме точка на 2020 и веќе фрламе моден поглед на 2021 година.

Што нè очекува таму во уличната мода?

Нашите предвидувања базирани на актуелните зимски тенденции, велат дека јануарската улична мода секако е топла и слоевита, но истовремено и бунтовна и лежерна и женствена.

Растеретена од ограничувања во секој поглед, модата овој јануари дава акцент на слободата индивидуалноста.

Токму во тој стилски правец е и нашиот избор на 31 стилски аутфит за секој ден од првиот месец од годината.

Палета од неутрални, но и интензивн тонови, пријатни плетенини, волнени палта и блејзери, комбинации на ткаенин и дезени – пред нас е возбудлива улична мода.

Фото: Пинтерест

Објавено:
29 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.666 пати