30 клучни трендови за сезоната есен/зима 2014

28 март 2014

Листата од 30 највлијателни трендови вклучува широка листа на стилови од геометриски и војнички принтови и вметнување на етно елементи во стајлингот, па се до преовладување на пончото и патентите.

Геометрија

По експериментирањето со модерната уметност, дизајнерите решија да се вратат на основата,односно чисти геометриски принтови во комбинација со колор блок.

Комбинација на различни текстури

Покрај колор блок нијансите, модерни ќе бидат и комбинациите на различни текстури.  Овој тренд особено ќе биде застапен на капутите, а крзнените парчиња се основата за комбинација во различни форми и текстури.

Асиметрија

Дизајнерите се изјаснија – симетријата е досадна! Наредната сезона ќе преовладуваат голите рамена, асиметрични ракави и деколтиња.

Камбек на 60-тите

Сен Лоран, Версаче и Гучи се само дел од модните куќи кои вметнаа сегменти од модата во 60-тите во своите колекции за наредната сезона. Камбекот на минатите трендови е редовна појава во модните колекции, кои доаѓаат во модернистичка софистицирана нота.

Оп- арт и 3Д ефекти

Стилот на шеесеттите со психоделична компонента беше тренди минатата сезона, а наредната сезона доаѓа во модерна конотација, со форми кои наликуваат на 3Д ефекти и компјутерската програма 3Д Студио Макс.

Неонски нијанси

Иако неонските нијанси најчесто владеат во текот на летниот период од годината, сепак во креациите на Кристијан Диор и Дрис Ван Нотен се вклучени елементи и принтови со преовладување на овој тренд.

Војнички принт

Преовладувањето на маслинестата нијанса во војнички стил ќе биде застапена во однос на капутите, комплетите од здолништа и сакоа, панталони и блузи со нагласена чиста форма.

Комбинација на спортскиот стил и 90-тите години

Том Форд направи успешен спој на формите кои беа ин во 90-тите години со нагласени спортски елементи и тоа не само во однос на патиките, туку на целосниот аутфит.

Декоративни патенти

Рокерскиот стил надополнет со интересни детали како што се декоративните патенти даваат ултимативен строг изглед,импресивен и нагласен во конкретната креација.

Пастелни нијанси

Овие нијанси не се резервирани само за претстојната пролетна сезона, туку ќе продолжат и на волуменозните капути и мантили за наредната есен.

Етно елементи

Инспирациите за создавање на новите колекции се различни, а сепак етното е сфера која е непресушен извор за инспирација, вклучувајќи разни елементи кои се одлика за некој народ.

Волумен

Наредната есенско/зимска сезона повторно ќе биде во знакот на волуменозните парчиња кои пружаат комфор, но се и одлична заштита од студеното време.

Впечатливи модни додатоци

Волуменозноста нема да биде застапена само во однос на модните парчиња, туку и на аксесоарите, односно долги шалови или капи кои по големина треба целосно да ја покријат главата.

Новитет во однос на принтовите

Успешен спој на принтови, апликации и детали пренагласени низ целиот аутфит. Мери Катранцу внесе сосема поинаков и интересен начин за комбинирање на принтовите во монохроматските нијанси.

Идиличен аутфит од глава до петици

Едноставниот, но сепак идиличен тренд застапен во моделите на Стела Мекартни, Селин, Шанел и Марк Џејкобс  ќе преовладува во однос на панталоните, џемперите, здолништата и модните аксесоари.

Капути- наметки

Капутите добиваат нова форма која вдахнува гламур во изгледот бидејќи делумно наликува на наметки со ремен кој го нагласува струкот.

Пончо

Иако претходно инспирацијата за создавање на пончото најчесто потекнуваше од африканските и индиски корени, сепак колекцијата на Барбери вметнува свежина со користење на британската култура во креирање на ова парче.

Деконструкција

Овој тренд дозволува излегување од наметната шема на строго струкирани парчиња и внесува разиграност во изгледот со преовладување на парчиња кои не се водат според конструкцијата на телото.

Шарено крзно

Сен Лоран, Александар Меквин и Роберто Кавали знаат да си поиграат со формите и нијансите и тоа во однос на крзното, кое е специфично по својата изработка.

Двобоен животински принт

Шаренилото нема да биде застапено само на волуменозните крзнени капути,  туку и во однос на модните парчиња кои се со животински принт. Спојот на две нијанси на овој принт прави одлично разбивање на монотонијата и наметнува сосема нов правец во модните трендови.

Детали од крзно

Доколку не сакате крзнени капути, тогаш сигурно ќе ви се допадне трендот на крзнени детали на модните парчиња, најчесто пренагласени на рабовите на креациите.

Црвена нијанса

Станува збор за нијанса која секогаш го пронаоѓа својот пат назад на модните ревии. Наредната сезона црвената нијанса нема да преовладува само на сегменти, туку во целосниот аутфит.

Кадифе

Традиционалниот тренд следната есен ќе дојде во една сосема нова верзија – лесен и флуиден како во формата, така и во избор на нијансите.

Футуристички елементи

Моделите излезени како од некој вселенски бројд, еклипсни во својот изглед, застапени на ревиите на Жан Пол Готј еи Фенди всушност ставаат акцент на футуристичките елементи, најчесто инспирирани од познатиот серијал „Војна на ѕвездите“.

Сјајни модни парчиња и аксесоари

Приказната за футуристичките елементи продолжува со сјајните палта во колекцијата на Родарте, но и во однос на чевлите застапени кај Александар Меквин, Метју Вилијамсон и Сен Лоран.

Штепуван материјал со ваталин

Поставата која се користеше како основа за создавање на палта, овој пат добива сосема нова верзија. Бидејќи модата не познава граници, наредната сезона поставата изработена од штепуван материјал со ваталин ќе биде застапена нее само кај палтата, туку и кај панталоните и блузите.

Класичен тартан

Комбинација од  карираниот и геометрискиот принт но во класичен тартан повторно се враќа на модната сцена за наредната сезона.

Впечатлвии наметки

Валентино знае да пружи иновативност во однос на наметките кои внесуваат елеганција и гламур во зимското сивило.

Детските приказни како инспирација

Приспивните приказни кои децата ги слушаат од своите мајки и баби беа основа за создавање на модни парчиња во една сосема нова бајковита форма, односно преточување на фантазијата во реалност.

Спој на разни материјали и принтови

Монотонијата се разградува на различни начини, како во однос на нијансите и принтовите, така и во преовладување на асиметричните детали и спојот на сосема различни текстури во една сосема нова форма.

Објавено:
28 март 2014
Категорија: 
Тренд