30 колоритни комбинации за секој ден од април

31 март 2022

Утре го започнуваме април, месецот во кој сѐ е убаво.

Боите во природата добиваат полн сјај, па токму тоа нѐ инспирираше за овој месец да ви предложиме и такви стилски комбинации во живи и интензивни тонови во хармонија со опкружувањето.

Почесто ќе бидеме надвор и ќе го користиме пролетното сонце, па затоа направивме сплет на различни стилски изданија што може да ви бидат инспирација за различни поводи.

Покрај миксот на бои што совршено се вклопува во нашата стилска пролетна слика, како тенденција ќе ги извоиме и пријатните и лесни, природни материјали, лежерните дводелни одела, пердувите како впечатлив акцент, комбинацијата со женствени и урбани парчиња, како и безвременските елегантни парчиња како блејзерите и панталоните со висок струк, што секогаш може да ги искоминирате со некој впечатлив топ, корсет или едноставна маичка.

Следуваат 30 интересни комбинации како предлог идеи што да облечете секој ден од април.

 

Објавено:
31 март 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.827 пати