30 комбинации во ведри бои за 30 дена од април

1 април 2021

На прагот сме на нов месец, со надеж дека ќе донесе повеќе сонце, повеќе оптимизам и ведрина. И токму инспирирани од ведрината, се одлучивме предлог комбинациите да бидат во бои кои ќе го разубават секојдневието и ќе го подобрат расположението.

Секоја од овие фотографии служи за инспирација за тоа како можете да споите одредени парчиња во гардероберот или пак, да си ставите нешто на листата на шопинг. Она што ви се допаѓа прилагодете го на своите можности и моден сензибилитет, како и пригодата, а ние се потрудивме да ви понудиме комбинации најчесто од блогерки, случајни минувачи и едноставно, љубители на модата, кои дале свој естетски печат.

Од деловни до лежерни комбинации, погледнете како изгледа нашиот моден календар.

 

 широко здолниште + тенка блуза + мантил во пастелна нијанса + чизми до глужд

 

здолниште на копчиња + маица + патики

 

 бела класична кошула + сафари панталони

 

здолниште од тул + блуза на риги + сандали

 

миди тексасно здолниште + бела кошула со нагласени ракави

 

фармерки со прави ногавици + долга кошула со принт и карнери

 

сатенски здолниште + блуза во пастелна нијанса

 

слип фустан + бела кошула со нагласени ракави 

 

транспарентна нежна кошула + тексас тиролка

 

фустан со петар-пан јака

 

кошула - фустан со принт со точки + чизми до глужд 

 

тесно здолниште + кошула со впечатливи ракави

 

фармерки + бела маица + тексасна јакна

 

тесно здолниште + маица со јака и кратки ракави од плетена ткаенина

 

карирано здолниште со копчиња и карнери + кошула на риги

 

панталони со висок струк + маица со принт

 

макси здолниште со карнер + бела маица

 

панталони + кошула со панделка + сако со ѕвонести ракави

 

кошула фустан со карнери + ремен + патики + кожена јакна

 

фармерки + кошула на врзување + чизми до глужд

 

макси тексас здолниште на копчиња + бела кошула

 

мини здолниште + ролка + широка тексас јакна

 

панталони со широки ногавици + плетена блуза во пастелна нијанса

 

тесни панталони во интензивна нијанса + џемпер

 

цветен миди фустан со карнери + сандали 

 

 кошула-фустан на риги + сандали

 

панталони-хеланки + кошула со впечатливи широки ракави

 

кожени панталони + кошула + блејзер

 

мини здолниште од твид + маица + долга тексас јакна

 

одело во пастелна нијанса + ролка

Објавено:
1 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
4.799 пати