30 комбинации за секој ден од април инспирирани од уличната мода

1 април 2019

Го сакаме април со сиот негов шарм и колорит. А шармантни и колоритни во април се и модните улици. Истурената палета од пастелни и интензивни нијанси, создава слика на разиграна, забавна и опуштена мода, во која доаѓа до израз индвидуалната перцепција на пролетните тенденции.

Некаде помеѓу две различни сезони, сè уште е присутен микс на лесни и прозрачни со топли парчиња облека, па слоевитото спојување на ткаенини, принтови и дезени, е во прилог на акцентирањето на индивидуалноста.

Април е месец во кој лелеавите романтични фустан и здолништа ќе ги комбинираме со маичка, блејзер, џемпер, чизми до глужд или патики, дводелните одела ќе ги носиме и со високи потпетици и со патики, а особено популарно парче е комбинезонот во земјени нијанси што ќе го комбинираме со парчиња во неонски тонови.

Издвоивме 30 комбинации од уличната мода, како инспирација што да облечете секој ден од месецов.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
1 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.544 пати