За време на летниот период, кога ќе дојде време да покажеме малку кожа, секогаш се двоумиме дали сме ја направиле вистинската комбинација со која треба да прошетаме низ улиците.
Тоа е секогаш така поради недостатокот на доверба за правење на малку посмели комбинации, поради тоа што секогаш мислиме дека имаме повеќе килограми од она што вистински имаме.
Токму поради тоа, на крајот секогаш завршуваме во фармерки (иако надвор има +30 степени) и со некоја широка маичка со која сакаме да го прикиреме сето она што мислиме дека е наш недостаток.
За ова лето да биде малку поинаку, односно без проблем да можете да облечете куси панталони, иако сметате дека не изгледате добро во нив, ние ви нудиме 30 трик комбинации со кои дефинитивно ќе изгледате послабо од она што сте, а со самото тоа веруваме дека ќе ви се зголеми и самодовербата.
1.Ставете ремен во контрастна боја на половината
2.Облечете широк топ врз тесна блузичка
3.Направете фокусот на комбинацијата да биде во делот на половината
4.Лесното здолниште со набори минимизира и маскира
5.Мешајте принтови без проблем!
6.Патентот на средината е вашиот најдобар пријател
7.Кога се двоумите, облечете кусо здолниште со набори.
8.Чифт колоритни куси панталончиња се секогаш добар избор!
9.Да, кусите блузички чуда прават!
10.Чифт широки искинати фармерки се секогаш тренди!
11.Секогаш одберете кусо фустанче во А – линија во нежна и свежа боја!
12.Или здолниште во А – крој.
13.Цела црна комбинација.
14.Широкиот мал црн фустан е секогаш добар избор.
15.Не плашете се да се облечете тотално во бела комбинација, особено ако имате молив здолниште.
16.Да, вертикалните пруги се тотално во мода!
17.Колор – блок комбинациите се вашите пријатели!
18.Наметнете куса јакна врз вашите рамена!
19.Фустанот со геометриски форми навистина знае да привлече внимание!
20.Не излегувајте од дома без ремен на половината.
21.Набавете си долга кошула – фустан.
22.Облечете миди здолниште со блузичка ставена внатре.
23.Кратки панталони + широка маичка + палто одозгора.
24.Широките ракави со набор се вашето тајно оружје за сезонава.
25.Широка маичка врз широко здолниште = полн погодок!
26.Ставете масивен накит на вратот, по можност, многу куси ѓердани одеднаш.
27.„Залижана“ коса + големи очила за сонце со интересен принт!
28.Експериментирајте со формите на облеката, една страна подолга, една покуса!
29.Не се плашете од јаки бои и принтови!
30.Краток топ со карнер во брановидна форма + панталони со висок струк!