30 нијанси на беж за оваа зима

10 јануари 2020

Неизбежен е колоритот на беж нијанси во зимските тенденции, па затоа секогаш одново бараме иновативни начини како да ги комбинираме парчињата во беж тонови што веќе ги имаме во плакарот.

Овие земјени нијанси се благородни за комбинирање, па затоа не би требало да ви претставува потешкотија да им смислите комбинација.

Фото: Pinterest

А може да ги комбинирате слоевито, различни беж нијанси во една целина или пак на беж комбинацијата може да и додадете детаљ или парче во боја што ќе се издвојува од целината односно ќе стави акцент.

За да ве мотивираме како да ги имплементирате беж тоновите во вашиот зимски имиџ, издвоивме 30 супер стилски комбинации на кои наидовме низ фотографиите од уличната мода.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
10 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.973 пати