На прагот сме од нов месец, се надеваме дека ќе ни донесе убавини, а она што пак сами можеме да влијаеме се секако позитивните мисли, но и убавиот изглед.
Во јуни одберете ведри комбинации кои дополнително ќе ви го подобруваат расположението.
Ние пак, најдовме 30 интересни предлози кои можат да ви послужат како инспирација.
Погледнете ги во продолжение:
мини тексасно фустанче + маица со точки
здолниште со карнери + кратка маичка со пуф ракави
макси кошула фустан на риги + широк ремен
здолниште на преклоп + маица со принт
бициклистички + маица + сако
плисиран мини фустан
здолниште со страничен шлиц + маица со принт +тексасна кошула
фармерки со широки ногавици + маица со тантела + плетена торба
мини тесен фустан + контрастни сандали
широки фармерки + маица со нагласени раменици
макси кошула фустан на точки
џинс со широки ногавици + кошула со кратки ракави со принт
широки панталони на риги + свилена кошула со дезен
панталони килоти + кошула на риги + сандали во контрастна нијанса
карирано широко здолниште + тексасна кошула
карирани панталони + едноставна маица + сандали
здолниште на преклоп во неутрална нијанса + плетена маичка без ракави
кошула-фустан со везени детали + плетена чанта
макси широк фустан со цветен принт
фустан со карнери и принт + шешир + сандали
здолниште со карнери со висок струк и ремен + бела кошула
широки панталони со принт + бела кошула + патики
мини кошула-фустан со карнер на здолништето и ракавите
слип фустан со принт + долго палто
широки панталони со принт + бела блуза + патики
шорц на риги + маица со кратки ракави
одело со мини здолниште + широко палто + кошула
ленен шорц + кошула со принт + влечки
здолниште на риги со пеплум + маица со принт + сандали
широки спортски панталони + горен дел на врзување + патики