Среќен прв ден од новиот месец октомври - месецот кога полека топлите парчиња облека ги вадиме од длабочините на нашите гардеробери.
Фото: Pinterest
Студените есенски денови се пред нас, па како со секоја нова сезона, така и со оваа, потребно е да се направи одредена промена кај нашата гардероба, како поради падот на температурите, така и поради желбата за нешто ново и разиграно што со што ќе ѝ се спротиставиме на претстојната сива и облачна есен.
Овој месец ќе носиме блејзери, мантили, есенски палта, плетени капи, плетени џемпери, макси фустани и здолништа, пантолони со спуштен струк, но и широки удобни модели, ќе носиме впечатливи чизми и парчиња облека со металик детали.
Доколку ви е потребна инспирација за тоа како да го подготвите вашиот гардеробер овој октомври, ние ви припремивме галерија од 31 предлог за секој ден од месецот.
Фото: Pinterest